17.8.2017 Пике: Прв пат се чувствувам инфериорно против Реал
Жерар Пике, дефанзивниот играч на Барселона, по поразот во Суперкупот на Шпанија од Реал Мадрид изјави дека признава дека работите се промениле пред почетокот на новата сезона.
Кралскиот клуб до трофејот дојде со вкупна победа од 5-1, бидејќи беше апсолутно надмоќен во текот на двата натпревари, а Пике изјави дека го признава она што е очигледно – дека Реал моментно е подобар.
„Мислевме дека ќе играме со двајца напаѓачи, не со тројца, како на првиот натпревар. Нè притискаа, беа подобри од почетокот и тоа го одреди ритамот на натпреварот. Ова не е најдобар период за нас како тим и како клуб. Мораме да ги збиеме редовите и да се вратиме“, изјави Пике по натпреварот во Мадрид, кој заврши со победа на Реал од 2-0.
Пике додаде дека и покрај тоа што е јасно дека Реал пред почетокот на сезоната во Премиер лигата е подобар, тоа не значи дека така ќе остане понатаму во натпреварувањето.
„Мораме да го признаеме поразот и да кажеме дека Реал е подобар од нас. Сезоната е долга и има простор за напредок. За девет години, колку што сум овде, прв пат се чувствувам инфериорно во однос на Реал. Вистина е дека ја освоија Лигата на шампионите, но и ние го направивме тоа не толку одамна“, изјави Пике.