Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2017

Хаос во Ливерпул, Билбао го совлада Панатинаикос

Навивачите на Хајдук направија немили сцени на гостувањето кај Евертон, Брага го победи Хафнарфјордир, ПАОК на домашен терен го совлада Естерсунд, а Атлетик Билбао беше подобар од домаќинот Панатинаикос.

Португалскиот клуб славеше на гостувањето во Исланд кај Хапнарфјердир со резултат2-1 (0-1), додека ПАОК во Солун беше подобар од шведскиот Естерсунд со 3-1 (1-1).
Одличен беше натпреварот во Атина, каде што Атлетик Билбао по пресвртот успеа да го совлада домаќинот Панатинаикос со 3-2 (0-1).
Ајакс во Амстердам уште еднаш ги разочара неговите навивачи, по испаѓањето во квалификациите за Лигата на шампионите, овој пат на арената „Јохан Кројф“ славеше Розенборг со 1-0.
Хајдук од Сплит беше поразен на гостувањето кај Евертон со 2-0 (2-0) со погодоците на Мајкл Кин и Идрис Геје во првото полувреме. Натпреварот го обележија гостинските навивачи кои фрлаа столчиња кон редарите и домашните навивачи, а бидејчи ова не им е прв прекршок, хрватскиот клуб сигурно ќе се соочи со ригорозна казна од УЕФА. 
Израелскиот клуб Макаби од Тел Авив ја сочува мрежата на гостувањето кај Алтах во Австрија – 1-0 (0-0), додека Лудогорец беше сигурен пред неговите навивачи против Судува и ја совлада со 2-0 (0-0).
Домжале во Словенија одигра реми 1-1 (1-0) со Олимпик Марсеј, Осиек изгуби од Австрија Виена со 2-1 (1-1), а Салцбург немаше проблеми на гостувањето кај Виторул – 3-1 (3-1).

Најнови вести