Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2017

Рекорден трансфер: Санчес прво засилување на Тотенхем

Фудбалскиот клуб Тотенхем го довде првото засилување ова лето, го ангажира Дејвисон Санчес, младиот играч на Ајакс.

Наводно, висината на трансферот изнесува 42 милиони евра со бонусите, што претставува нов клупски рекорд, бидејќи претходниот изнесуваше 30 милиони.
„Ова е голем чекор за развој на мојата кариера. Возбуден сум што одам во толку познат клуб каков што е Тотенхем. Се радувам што ќе работам со Маурисио Покетино и одличните фудбалери, а пред сè што сите ќе ги запознам“, изјави 21-годишниот Санчес.
Санчес игра на позицијата стопер, а со новиот клуб потпиша договор до 2023 година.
Колумбиецот минатата сезона одигра 47 натпревари за Ајакс и постигна седум голови.
Санчес на 17 години дебитираше за Атлетико Насионал, а со колумбискиот клуб го освои Копа Либертадорес во 2016 година.
Тој играше за сите млади селекции на Колумбија, а во дресот на сениорската репрезентација дебитираше во ноември минатата година и досега настапи два пати.

Најнови вести