Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2017

Пеп: Еден од најгордите денови во мојот живот

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека е многу задоволен и покрај ремито на неговиот тим со Евертон на домашен терен (1-1) во второто коло на Премиер лигата.

Гостите поведоа со голот на Руни во 35-тата минута, потоа беше исклучен Кајл Волкер, но бод на Сити му донесе Стерлинг во 82-рата минута.
„Играме за да победиме, но мораме да ја анализираме и играта на крајот на краиштата. Ова е еден од моите најгорди денови во мојот живот, кога гледав како се боревме десетмина на единаесет против Евертон, кој е тим со врвни играчи“, изјави Гвардиола.
„Не беше лесно, но се обидувавме и не погодувавме дури и некои шанси со играч помалку, не се откажувавме. Направивме сè што можевме, особено што игравме со фудбалер помалку 65 минути. Слично како минатата сезона со Барнли, кога победивме, а 70 минути имавме играч помалку “, додаде тренерот на Сити.
Гвардиола изјави дека неговиот тим нема за што да жали.
„Нема да зборувам за судиите, но мислам дека исклучувањето на Волкер беше строго. Стерлинг беше одличен, мислам дека повеќе му одговара да игра на средината отколку по страните. Задоволен сум и од засилувањата, се боревме, штета што не победивме“, изјави Гвардиола.
Во третото коло следната сабота Сити ќе гостува кај Борнмут од 13.30 часот.

 

Најнови вести