Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2017

Калиниќ официјално нов играч на Милан

Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ го засили Милан и го заокружи одличниот летен преоден рок на „росонерите“.

Досегашниот голгетер на Фиорентина првобитно една година ќе помине на заем на „Сан Сиро“, пред задолжително да му биде откупен договорот наредното лето.
Тој денес ги помина лекарските прегледи, го задолжи дресот со број седум и потпиша четиригодишна соработка со италијанскиот гигант.
Клубот од Фиренца ќе заработи пет милиони евра за заемот, како и дополнителни 20 милиони во јуни 2018 година.
Калиниќ беше одличен во дресот на Фиорентина претходните две години, а постигна 33 погодоци на 84 натпревари и имаше 11 асистенции. Претходно играше за Днепар, Блекбурн и Хајдук од Сплит.
Милан ова лето значително го засили тимот бидејќи пред Калиниќ ги доведе: Леонардо Бонучи, Андре Силва, Андреа Конти, Хакан Чалханоглу, Матео Мусакио, Рикардо Родригез, Лукас Билја, Франк Кесе и Фабио Борини.

Најнови вести