Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2017

Краснодар не сака да игра на очајната „Маракана“

Фудбалскиот клуб Краснодар побарал итна реакција од страна на УЕФА и поместување на реванш-натпреварот против Црвена ѕвезда во квалификациите за Лигата на Европа од стадионот „Рајко Митиќ“.

Краснодар се пожалил бидејќи теренот е во лоша состојба и не ги обезбедува оптималните услови за игра, пренесе денес белградскиот „Спортски журнал“.
Како што наведува овој спортски весник, УЕФА во текот на денот ќе испрати специјален контролор кој ќе изврши инспекција на теренот на стадионот „Рајко Митиќ“, па ситуацијата понатаму ќе се развива во зависност од неговите оцени.
Наводно, во целиот случај се вмешал и Фудбалскиот сојуз на Србија на чело со Славиша Кокеза, кој од Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, побарал помош и разбирање.
Црвена ѕвезда веќе за следната недела, по првенствениот натпревар против Партизан, планирала да почне со замена на тревната подлога на теренот, поради што репрезентацијата на Србија на втори септември ќе ја нагости Молдавија на стадионот на Партизан.

Најнови вести