Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2017

Младинскиот тим на Шкендија во групa од Лигата на шампионите

Македонија есенва ќе има претставник во групната фаза од Лигата на шампионите во младинска конкуренција.

Младинскиот шампион на Македонија, екипата на Шкендија ќе се натпреварува во групната фаза од Лигата на шампионите во младинска конкуренција за фудбалери до 19 години.
Оваа информација денес ја објави фудбалскиот клуб од Тетово, откако претходно до клубот пристигнало официјално известување од УЕФА дека според коефициентите на екипите кои треба да играат во Лигата на шампионите, за Шкендија ќе има директно место во групната фаза.
„Шкендија доби право да биде дел од групите во Лигата на шампионите, а потврдата пристигна денеска од УЕФА преку канцеларијата на ФФМ. Шкендија У19, како шампион на Македонија, ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите“, информираа од тетовскиот клуб.
Ова е прва македонска екипа која ќе биде дел од групна фаза во едно европско клупско натпреварување. Младата екипа на Вардар минатата година играше во квалификациите за Лигата на шампионите, но уште на стартот беше елиминира од Салцбург од Австрија.

Најнови вести