Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2017

Официјално: Хирона е втор клуб на Манчестер сити

Од вчера е официјализирана веста за која се шпекулираше подолго време - Сити фудбал груп откупи мнозински пакет од акциите на шпанскиот прволигаш Хирона.

СФГ и Хирона фудбал група чиј сопственик е братот на Пеп Гвардиола, Пер, купиле по 44,3% од акциите на Хирона која сезонава се натпреварува во шпанската Примера.
Манчестер сити и порано имаше добри односи со Хирона во која на позајмица и калење прати неколкумина фудбалери, а сега СФГ и ХФГ објавија и официјално соопштение:
„Фудбалскиот клуб Хирона, СФГ и ХФГ сакаат да ја известат јавноста за потпишување на договор со кој клубот во Хирона ќе го преземат нови сопственици. Клубот го преземаат СФГ и ХФГ кои имаат рамноправен удел во сопствеништвото, двете страни по 44,3%“, се вели во соопштението.
По Њујорк сити, Мелбурн сити, Јокохама ФМ и Атлетико Торк од Уругвај, Хирона е последниот клуб чиј сопственик е газдата на Манчестер сити, шеикот Монсур.

Најнови вести