Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2017

Лига на Европа: Хајдук ја одбрани честа против Евертон, Розенборг подобар од Ајакс

Завршени се сите дуели од квалификациите за Лигата на Европа.

Евертон на „Гудисон парк“ го совлада Хајдук од Сплит со 2-0, а хрватската екипа синоќа на „Пољуд“ даваше отпор, но не успеа да се избори за пласман во групната фаза. Беше 1-1 (1-0), „карамелите“ продолжуваат во следната фаза.
Марсеј по 1-1 во Словенија, го совлада Домжале на „Велодром“ со резултат 3-0 (1-0).
Брага го победи Хапнарфјердир со 5-3 во двомечот, синоќа славеше со 3-2 (1-1) во Португалија.
Розенборг славеше на домашен терен против Ајакс со 3-2 (1-0) и се пласира во следната фаза со вкупен резултат 4-2, откако во Холандија славеше со 0-1.
Скендербег го елиминираше Динамо Загреб откако на домашен терен одигра без голови, по ремито 1-1 пред седум дена во Хрватска. Албанскиот тим последните 15 минути ги одигра со играч помалку по исклучувањето на Нимага.
Двата српски претставници, Партизан и Црвена звезда се пласираа во групната фаза. ПАретизан одигра одлично на гостувањето во Унгарија и го порази Видеотон со 4-0, а Црвена звезда со 2-1 во Белград го победи Краснодар.

Најнови вести