Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2017

УЕФА: Волејот на Манџукиќ гол на сезоната

Голот на Марио Манџукиќ, центарфорот на Јувентус, во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид е прогласен за најубав погодок оваа сезона во изборот на УЕФА.

Манџукиќ во финалето на Лигата на шампионите во Кардиф во 27-мата минута прими топка на градите и свртен со грбот ја погоди мрежата на Кејлор Навас за изедначување 1-1.
Но, на крајот тоа беше само утешителен погодок за Јувентус бидејќи Реал славеше со 4-1.
Голот на Манџукиќ доби 26 отсто од гласовите.
На второто место е Сенегалецот Муса Сисоко, играчот на Фенербахче, со 25 отсто. Тој во натпреварот од групната фаза на Лигата на Европа против Манчестер јунајтед постигна гол од ножички.
На третото место е Каземиро, фудбалерот на Реал Мадрид, со 20 отсто од гласовите. Тој во осминафиналето на Лигата на шампионите со фантастичен погодок од 25 метри во 54-тата минута го постави конечниот резултат 3-1 за Реал во средбата против Наполи.

Најнови вести