Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2017

Ниту во Милан, ниту во Јуве, ниту во Ливерпул – Санчес во Свонси

Ренато Санчес, играчот за врска на Баерн од Минхен, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Свонси, пренесе „Скај“.

„Лебедите“ на „баварците“ за заемот ќе им платат пет милиони евра, додека наредното лето ќе може да го откупат Португалецот за 30 милиони евра.
Пол Клемент, менаџерот на Свонси, порано работеше со Санчес, додека му беше помошник на тренерот Карло Анчелоти во Баерн.
За португалскиот репрезентативец наводно биле заинтересирани Милан, Јувентус, Ливерпул и Интер, но тој отиде во Свонси бидејќи управата на шампионот на Германија сака тој редовно да игра.
Санчес минатото лето од Бенфика направи трансфер во Баерн, за кого одигра 25 натпревари во сите натпреварувања, но главно влегувајќи од клупата или во оние помалку важни дуели.
Тој минатото лето со репрезентацијата на Португалија го освои Европското првенство и беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот.

Најнови вести