Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2017

УЕФА покрена постапка против ПСЖ

ПСЖ ова лето го собори рекордот во износот на трансферите откако го купи Нејмар за 222 милиони евра, а потоа и Килијан Мбапе за 180 милиони.

Европската фудбалска унија вчера покрена истрага против ПСЖ поради неодамнешните трансфери под сомнение дека е прекршен финансискиот фер плеј.
Во соопштението на европската куќа на фудбалот се наведува дека Истражната комисија на финансиското контролно тело во наредните месеци редовно ќе ги истражува сите документи во врска со тој случај.
УЕФА наведе дека ќе се фокусира на тоа дали клубот од Париз ги балансирал приходите и расходите во дозволената граница.
ПСЖ ова лето го собори рекордот во износот на трансферите откако го купи Нејмар за 222 милиони евра, а потоа и Килијан Мбапе за 180 милиони.
УЕФА наведе дека нема да го коментира случајот додека не заврши истрагата.
Во случај да се докаже кршење на финансискиот фер плеј, на ПСЖ може да му биде забрането да се натпреварува во Лигата на шампионите.

Најнови вести