Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2017

Англичаните се мачеа, па 4-0, Германците славеа во Прага

Фудбалерите на Германија ја совладаа Чешка во Прага со 2-1 во натпреварот од седмото коло на групата Ц во квалификациите за Мундијалот наредната година.

Светскиот шампион славеше во Чешка во негов стил, со голот на Матс Хумелс на две минути пред крајот.
Германците со тоа го задржаа максималниот учинок во групата Ц и сега имаат 21 бод, пет повеќе од Северна Ирска, додека Чешка е трета само со девет бодови.
Во групата Ф, Англија славеше на Малта со 4-0, иако до 86-тата минута беше само 1-0. Англичаните имаат 17 бодови на чело на групата, а Малта и понатаму е без бодови.
Вечерта во квалификациите сепак ја обележа одличниот Кристијан Ериксен, кој одигра  симултанка во победата на Данска над Полска од 4-0. Фантастичниот плеј на Тотенхем асистираше кај првите два гола на Дилејни и Корнелиус, а потоа во 80-тата минута одличниот настап го завери со преубав гол од повеќе од 20 метри. Пред тоа, на 3-0 зголеми Јоргенсен. Полска има 16 бодови на чело на групата Е, а Црна Гора и Данска го делат второто место со по 13 голови.
Во дуелот меѓу Романија и Ерменија блескаше голманот Меликсетјан, кој го одбрани пеналот на Станку, но Максим во првата минута од продолжението сепак му донесе триумф на домаќинот. 
Романија има девет, а Ерменија шест бодови. Сигурна победа во гости остварија Шкотска во Литванија со резултат 3-0 и Северна Ирска против Сан Марино со 3-0.
Словачка со голот на Немец на девет минути пред крајот на средбата ја совлада Словенија. Словаците се втори во групата Ф со 15 бодови, а Словенците се четврти со четири бода помалку.

Најнови вести