Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2017

Венгер: Потребни ни се навивачите, мора да веруваат во нас

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, ги повика навивачите да го поддржат клубот во тешките времиња.

„Топчиите“ сезоната во Премиер лигата ја почнаа со два пораза во три кола, а посебно беше болен поразот Ливерпул со 0-4.
„Луѓето брзо донесуваат заклучоци, играчите брзо забораваат колку се добри, многу побрзо отколку што мислите. Мораме да веруваме во нашите сили и да не го забораваме тоа“, изјави менаџерот на Арсенал. 
„За да имаме успешен тим, потребни ни се и навивачите. Навивачите може да размислуваат вака: ОК, овој тим не е доволно добар, и можат да мислат дека немаме шанси. Но тоа нема да ни донесе корист. Сакам навивачите да бидат покрај нас во овој момент, иако не сме задоволни со она што го покажавме. Секој успешен тим мора да го има тоа зад себе. Да не заборавиме, само пред еден месец го освоивме Комјунити шилд, а пред тоа ФА купот со истите играчи“, изјави Венгер.

Најнови вести