Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2017

Судијата доживотно суспендиран поради пенал, натпреварот ќе се преигра

ФИФА вчера донесе одлука да се повтори натпреварот меѓу Јужна Африка и Сенегал во квалификациите за Светското првенство бидејќи судијата Џозеф Лампти е доживотно суспендиран.

Светската фудбалска федерација објави дека натпреварот, во којшто Јужна Африка првобитно победи со 2-1, повторно ќе биде одигран во ноември.
Точниот датум на новиот дуел сè уште не е одреден.
ФИФА наведе дека одлуката за повторување на натпреварот ја донела бидејќи Судот за спортска арбитража ја потврдил казната на ФИФА, односно доживотната суспензија за судијата Џозеф Лампти од Гана.
ФИФА го прогласи Лампти за виновен поради кршење на правилата коишто се однесуваат на недозволено влијаење врз резултатот на натпреварот.
Лампти на натпреварот досуди пенал за Јужна Африка иако Калиду Кулибали, стоперот на Сенегарл, не играше со рака.
На снимката јасно се гледа дека топката го погодила играчот во коленото пред да падне на земјата.
Јужна Африка го искористи пеналот и потоа победи, а тоа ѝ е единствен триумф на таа селекција во последната рунда од квалификациите за Светското првенство.

Најнови вести