Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2017

Познати се четири двојки за осминафиналето на Евробаскетот

Се одигра последното коло во групите А и Б и познати се првите четири двојки за осминафиналето на Европското првенство во кошарка.

Во последното коло во групата А, Словенија ја победи Франција со 95:78 и е единствена селекција во моментов која во вториот круг влегува со максимален учинок.
Финска го совлада Исланд со 83:79 и се наоѓа на второто место во групата А, а Грција ја победи Полска со 95:77 и си обезбеди место меѓу 16-те најдобри репрезентации на Европското првенство.
Во групата Б, Литванија во директниот дуел за првата позиција ја победи Германија со 89:72, Италија беше подобра од Грузија со 71:69, а Украина триумфираше против Израел со 88:64 и се пласира во осминафиналето.
Според пласманот во групите А и Б, во осминафиналето ќе играат: Словенија - Украина, Финска, Италија, Франција - Германија и Литванија - Грција.

 

Најнови вести