Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2017

Венгер: Санчес ќе се врати во форма многу брзо

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека Алексис Санчес ќе се врати во добра форма по непријатниот преоден рок и неговото останување во Лондон.

Санчес беше блиску да отиде во Манчестер сити, со кого Арсенал постигна договор за трансфер вреден 60 милиони фунти.
Арсенал имаше намера да го пушти Санчес ако го доведе Томас Лемар од Монако, а бидејќи фудбалерот одлучил да остане во Франција, Чилеанецот остана во лондонскиот клуб.
„Многу брзо ќе се врати во најдобра форма. Преодниот рок е завршен, многу работи се случија. Тешко е да се зборува за тоа, Лемар е во Монако и мора да се концентрира на тоа, а Санчес е овде и концентриран е на клубот. Многу работи се случија во последна секунда, поради тоа и жалам. Мислам дека е време да се променат правилата и да се затвори преодниот рок пред да почнат натпреварувањата во првенствата“, изјави Венгер, пренесе Би-би-си.
Венгер додаде дека никому не му е пријатно и дека секој тренер на светот би се согласил со предлогот преодниот рок да заврши пред почетокот на сезоната.
„Играчите немаат јасна слика. Дали се во клубот или се отидени? Во соблекувалната не можете да имате играчи коишто со дел се присутни, а со дел не се“, додаде францускиот тренер.

Најнови вести