Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2017

Проблем за Реал: Бензема еден месец надвор од теренот

Карим Бензема, напаѓачот на Реал Мадрид, ќе мора да паузира околу еден месец поради повредата со која се здоби на натпреварот против Леванте.

Французинот по половина час игра мораше да го напушти теренот на „Сантијаго Бернабеу“.
„Тестовите покажаа дека Карим Бензема ја истегнал тетивата на десната нога. Му следува закрепнување од четири до шест седмици“, стои во соопштението на клубот.
Реал Мадрид во трите одиграни кола во шпанската Примера лига освои само пет бода, но без помош на најдобриот играч Кристијано Роналдо, кој ја одработува суспензијата.

 

Најнови вести