Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2017

Врие во Баерн: Прво Анчелоти, па шок со Левандовски!

Во Баерн се множат неволјите, Роберт Левандовски беше „ставен“ на своето место откако ја критикуваше политиката на трансфери на Баерн.

Тој изјави дека се прашува зошто „баварците“ не доведуваат светски ѕвезди иако имаат пари. Баерн ги купи Толисо и Никлас Силе, а на заем дојде Џејмс Родригез.
„Мислам дека е штета што не ги привлекуваме најдобрите играчи и остануваме надвор од трката. Го разбирам Баерн и неговите принципи, но потребни ни се најдобрите“, изјави Левандовски, кој минатата година се жалеше дека ја нема доволно топката, ниту помош од соиграчите.
На изјавата веднаш реагираше Карл-Хајнц Румениге.
„Ова не го зборува тој, туку низ него провејуваат зборовите на менаџерот. Не знам што сака да постигне, но има договор до 2021 и нема клаузула, ние не работиме како некои други клубови. Може да биде фрустриран поради ПСЖ, но ова му штети на клубот. Нека размислува за теренот“, изјави остро Румениге.
Се шпекулира дека и Левандовски сака да си оди, а вчера проструи веста дека Баерн од зимава ќе има нов тренер откако Анчелоти ќе замине од Минхен по првиот дел од езоната.
Румениге изјави дека верува дека зад целата приказна околу Левандовски се крие неговата желба да оди во Реал Мадрид.
Реал цели кон напаѓачот по повредата на Бензема, а Флорентино Перес веќе подолго време го сака Полјакот во неговите редови.

Најнови вести