Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2017

Кутињо во протоколот за Севилја

Филипе Кутињо, фудбалерот за врска на Ливерпул, ќе биде на списокот на играчи за натпреварот од првото коло во групната фаза на Лигата на шампионите против Севилја.

Јирген Клоп, менаџерот на тимот од „Енфилд роуд“, не можеше да смета на Кутињо во саботниот дебакл против Манчестер сити, но изјави дека Бразилецот ќе биде подготвен за европското дерби.
Кутињо, кој е еден од најдобрите играчи на Ливерпул, оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар за „црвените“.
Претходно беше објавено дека Кутињо има проблеми со грбот, но беше во бразилскиот тим во квалификациите за Светското првенство.
Ливерпул во среда (20.45 часот) ја дочекува Севилја, а во групата Е се уште Спартак од Москва и Марибор.

Најнови вести