Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2017

Севилја го тужи Атлетико поради трансферот на Витоло

Шпанската Севилја ќе поднесе тужба против Атлетико бидејќи од тој клуб сметаат дека мадриѓаните нелегално им го зеле фудбалерот Витоло во текот на летниот преоден рок.

Атлетико ја активирал откупната клаузула за Витоло во износ од 37,5 милиони евра, но од Севилја изјавија дека шпанскиот крилен напаѓач потпишал продолжение на договорот, со што таа ставка станала неважечка.
Севилја тврди дека со 27-годишниот фудбалер ги договорила сите услови за новата соработка и дека не може еднострано да се прекршат, па клупските адвокати веќе поднесле тужба во судот.
Клубот од „Висенте Калдерон“ и покрај забраната на ФИФА за регистрирање играчи, го доведе Витоло, но и го испрати на заем во матичниот Лас Палмас до наредниот јануари, кога му истекува казната.
Витоло четири сезони помина на заем во Андалузија, токму од доаѓањето од Лас Палмас, и за тоа време освои три титули на Лигата на Европа.

Најнови вести