Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2017

Конте: Растеме, не е лесно да се направи силен тим

Менаџерот на Челзи изјави дека е потребно трпение бидејќи неговиот тим мора постепено да расте за да го постигне нивото на Реал или на Баерн Минхен.

„Првенството не може да му помогне на англискиот клуб бидејќи е тешко. Сепак, подготвени сме, имаме доволно играчи за ротација и тргнуваме на пат кон нешто важно. Потребно е да растеме чекор по чекор за да бидеме како Реал или како Баерн. Не е лесно да се направи силен тим“, изјави Конте на конференцијата за новинарите во Лондон.
Челзи по паузата од една година, повторно ќе игра во Лигата на шампионите, а прв противник ќе му биде дебитантот - екипата на Карабаг од Азербејџан.
„Карабаг е добар тим. Познавам неколку играчи бидејќи ја водев репрезентацијата на Италија против Азербејџан. Ќе биде необичен натпревар и мораме само на него да се сконцентрираме, сè останато ќе дојде подоцна“, изјави италијанскиот тренер.
Тој додаде дека е многу важно Челзи да оди чекор по чекор.
„Минатата сезона имавме нула шанси да ја освоиме Премиер лигата. Градиме нешто и ни треба време. Ќе даваме сè од себе. За мене е нешто ново играњето 60-65 натпревари во сезона. Тоа не е лесно на високо ниво“, изјави Конте.
Натпреварот од првото коло на групната фаза од Лигата на шампионите меѓу Челзи и Карабаг се игра вечерва, од 20.45 часот, на стадионот „Стемфорд бриџ“ во Лондон.

Најнови вести