Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2017

Нагелсман: Баерн е мојот сон

На дваесет и неколку години направи освежување во Бундеслигата водејќи го Хофенхајм, a последниве денови е поврзуван со најголемиот германски клуб.

Сè погласни се шпекулациите дека токму тој ќе биде наследникот на Анчелоти на клупата на Баерн, а и самиот Нагелсман даде изјава за клубот од Минхен.
„Баерн игра важна улога во мојот живот. Живеев со години во Минхен. Роден сум во Ландсберг на Лех, недалеку од главниот град на Баварија и секако дека Баерн ми е сонот. Среќен сум во Хофенхајм, макар што... Баерн би ме направил уште посреќна личност. Додуша, и никогаш да не добијам шанса да ги тренирам „баварците“, би умрел како среќен човек, бидејќи мојот успех не зависи директно од Баерн“, изјави Нагелсман за „Евроспорт“.
„Мојата сопруга и мото дете наскоро ќе се преселат во Минхен. Таму го градиме семејниот дом. Тоа е нашиот роден град“, додаде Нагелсман.
Јулијан Нагелсман со Хофенхајм има договор до летото 2021 година.

Најнови вести