Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2017

Роналдо ги шокираше Мадриѓаните: Сакам назад во Англија

Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на светот, на судењето за затајување данок изјави дека сака да се врати во Англија.

Напаѓачот на Реал Мадрид е обвинет дека затаил данок од околу 15 милиони евра, поради што имаше можност во летниот преоден рок да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Португалецот беше цел на ПСЖ и на неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, но одлучи да остане во клубот.
Но, истрагата под која се наоѓа, како и суспензијата од пет натпревари поради туркањето на судијата во Суперкупот на Шпанија влијаеја тој повторно да почне да се колеба.
„Никогаш немав проблеми во Англија, поради што сакам да се вратам таму“, изјави Роналдо на судењето.
Врз основа на истрагата на даночните службеници, против Кристијано Роналдо е покрената истрага дека од 2011 до 2014 година на Девствените Острови ги сокрил неговите приходи од продажбата на правата на неговите фотографии.
Начинот на којшто наводно ја мамел државата го откри германскиот весник „Шпигл“ во соработка со организацијата „Фудбал ликс“, која се занимава со откривање на договорите во светот на фудбалот.

Најнови вести