Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2017

Одбиена жалбата на Ливерпул, Мане ќе паузира три натпревари

На Ливерпул му е одбиена жалбата за должината на суспензијата на Садио Мане поради исклучувањето на натпреварот со Манчестер сити.

Мане е суспендиран на три натпревари и ќе ги пропушти дуелите со Барнли и Лестер во Премиер лигата, како и еден натпревар во Купот.
Тој доби црвен картон во 37-мата минута од натпреварот со Сити поради тоа што со нога го удри во лице противничкиот голман Едерсон.
Едерсон тренираше вчера и би требало да биде подготвен за натпреварот против Феенорд во Лигата на шампионите.

Најнови вести