Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2017

Пјаниќ: Нема потреба да паничиме

Јувентус на отворањето на сезоната во Лигата на шампионите беше поразен од Барселона со 3-0. Тренерот Алегри упати критики кон екипата, а Миралем Пјаниќ изјави дека смета дека тој и соиграчите не треба да паничат.

Јувентус успеваше да ѝ парира на Барселона, но голот на Меси во завршницата на првото полувреме го промени односот на силите на теренот. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина изјави дека верува дека поразот не е причина за паника.
„Навистина не ни требаше да го примиме тој гол, полувремето речиси беше завршено. Игравме добро во првите 45 минути и можевме и да постигнеме гол. Во второто полувреме не бевме на своето ниво. Сепак, ова е само прв натпревар и не треба да паничиме поради поразот. Игравме без неколкумина играчи, но тоа не може да биде изговор. Мораме да научиме нешто од ова и да продолжиме да ја работиме својата работа. Имаме доволно време да закрепнеме од овој пораз“, изјави Пјаниќ.

Најнови вести