Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2017

Пех за Мурињо: Погба ќе паузира две седмици

Португалскиот стратег нема да може да смета на еден од најдобрите играчи најверојатно до крајот на месецот.

Манчестер јунајтед одлично ја почна сезоната, освен киксот на „Британија“ против Стоук, оствари четири победи, триумфално стартуваше и во Лигата на шампионите – синоќа со 3-0 го совлада Базел.
Но, само по 18 минути од играта, Мурињо веќе имаше проблеми. Пол Погба се повреди, мораше да го напушти теренот, а го замени Фелаини.
„Црвените ѓаволи“ успеаја да слават на нивен терен и без Французинот, а токму Фелаини беше стрелец на првиот гол на натпреварот, па изгледа дека Белгиецот ќе мора да игра во првата постава и на натпреварите до крајот на овој месец.
Мурињо изјави дека е уверен дека во прашање е повреда на мускулот и дека очекува Погба да биде надвор од редовите неколку седмици.
„Од искуство, мислам дека во прашање е повреда на мускулот. Исто така од искуство, мислам дека тоа може да ве оддалечи од теренот неколку седмици, барем така мислам“, изјави Мурињо.
Погба би можело да се врати на теренот дури во октомври, а Мурињо нема да може да смета на него за натпреварите со: Евертон (во Премиер лигата), Бартон (во Лига купот), Саутхемптон (во Премиер лигата), ЦСКА Москва (во Лигата на шампионите) и Кристал палас (во Премиер лигата).
Погба од претходно е познат како некој кој добро закрепнува од повредите. Тој минатата сезона на натпреварот од Лигата на Европа со Ростов доживеа повреда на задниот дел на бутниот мускул, а на теренот се врати само за десет дена.

Најнови вести