Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2017

Марсело останува во Реал до 2022 година

Бразилскиот фудбалер Марсело вчера го продолжи договорот со Реал на уште две сезони и дресот на Мадриѓаните ќе го носи до 2022 година, соопшти шпанскиот и европски шампион.

Стандардниот лев бек на тој начин речиси до крајот на кариерата ќе остане во кралскиот клуб, бидејќи по истекувањето на договорот ќе има 34 години.
Тој во Мадрид стигна пред десет години од Флуминенсе и моментно во екипата е заменик на капитенот Серхио Рамос.
Со Реал освои 17 трофеи, вклучувајќи ги четирите титули во Примера лигата и трите во Лигата на шампионите.
За Бразил одигра 48 натпревари, го има освоено Купот на конфедерациите 2013 година, но и два олимписки медали – бронзен во Пекинг 2008 и сребрен во Лондон 2012 година.

 

Најнови вести