Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2017

Венгер во Лигата на Европа со резервните играчи

За Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, лондонското дерби во Премиер лигата со Челзи има приоритет над натпреварот од Лигата на Европа со Келн.

Францускиот шампион изјави дека низ Лигата на Европа нема да го бара патот до Лигата на шампионите за наредната сезона туку тоа ќе го направи низ англиската лига.
За вечерашниот натпревар против Келн, Венгер ќе одмори дури седуммина првотимци. Чех, Косељни, Лаказет, Велбек, Џака, Озил и Ремзи нема да играат против Германците во Лигата на Европа.
Британските медиуми пишуваат дека во тимот ќе биде Алексис Санчес, но дека шанса ќе добијат и други играчи коишто би можело да влезат во првата постава, како Оливие Жиру, Тео Волкот, Џек Вилшер и Пер Мертесакер.
Арсенал оваа година, по речиси две децении, не игра во елитното европско натпреварување, а моментно е 11-ти на табелата.
И покрај тоа, Арсен Венгер нема да оди по трагите на Жозе Мурињо, кој во Лигата на шампионите се врати низ Лигата на Европа така што го освои натпреварувањето со победата над Ајакс.
„Најдобриот пат до Лигата на шампионите е низ Премиер лигата“, изјави кратко шефот на стручниот штаб на „топчиите“.

 

Најнови вести