Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2017

Иско: Ме бараа од Барселона, но не ги слушав

Иско Аларкон, играчот за врска на Реал Мадрид, изјави дека Барселона го барала да се пресели на „Камп ноу“, но дека во ниту еден момент немал намера да го напушти Мадрид.

Иско стави потпис на нова соработка со Реал до 2022 година, со откупна клаузула од неверојатни 700 милиони евра.
„Имав контакт со Барселона, но не сакав да ги слушам. Мојата желба беше да победувам со Реал и да го заслужам местото во тимот. Во Реал и во репрезентацијата на Шпанија играат најдобрите фудбалери на светот. Бев трпелив кога играа другите, го дочекав моментот, а тренерот секогаш ми веруваше“, изјави Иско.
Шпанскиот фудбалер потврди дека имал тешки и лоши моменти во Реал кога бил во втор план, но дека никогаш не помислувал да си оди.
„Конкуренцијата е многу силна, сте сакаат да играат, а има место само за 11. Многу сум среќен и горд што сум дел од најдобриот клуб на светот“, изјави 25-годишниот Иско.
Иско пред четири години направи трансфер во Реал од Малага за 30 милиони евра, одигра 197 натпревари и даде 34 гола и беше дел од тимот кој ги освои сите можни трофеи.

Најнови вести