Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2017

Вардар со победа стартуваше во ракометната Лига на шампиони

Ракометарите на Вардар триумфираа со 26-22 на гостувањето кај Висла Плоцк во првиот натпревар од Лигата на шампионите, во која ќе ја бранат титулата.

Ракометарите на македонскиот и европски шампион со победа стартуваа во новата сезона. Тие ја оправдаа улогата на фаворит во Полска со триумфот од 26-22 против Висла Плоцк.
Вардарци поведоа уште на стартот на натпреварот и со мали осцилации првото полувреме го завршија со водство од 13-9.
Во второто полувреме македонскиот шампион се мачеше да постигне гол, за 15 минути имаше само два погодока, а Висла изедначи, но не успеа да дојде до предност.
Во завршниот дел од средбата, Вардар заигра на повисоко ниво и го врати водството, па на крајот триумфираше со највисоката предност која ја имаше, со разлика од четири гола – 26-22.
Во составот на Вардар најефикасен беше Вуко Борозан, кој постигна шест гола, Криштопанс даде четири, а по три реализираа Чупиќ и Дибиров.
Во следното коло од групата А во Лигата на шампионите, кое се игра на 23-ти септември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, Вардар ќе го пречека францускиот Нант, во кого игра нашиот Кире Лазаров.

Најнови вести