Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2017

Гризман во историјата: „Ванда“ е најдобра

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, по својот прв гол на новиот стадион „Ванда Метрополитано“ изјави дека тоа е најдобриот стадион на светот.

Атлетико Мадрид славеше против Малага со 1-0 на првиот натпревар на новиот стадион, а стрелец беше францускиот напаѓач.
„Навистина сакавме да победиме. Трениравме овде во четвртокот, но нешто недостасуваше, 12-тиот играч. Вистина е, не затоа што ова е наш стадион, тоа е најдобриот стадион на кој сум играл“, изјави Гризман.
Французинот додаде дека не ја почнал најдобро сезоната, но сепак се запиша во историјата на клубот.
„Чест ми е што го направив тоа. Се надевам дека ќе дадам уште многу такви голови да му помогнам на клубот. Не ја почнав сезоната добро, почнав со црвен картон, но од сето тоа научив нешто“.
Навивачите во текот на натпреварот го скандираа неговото име, а му должат и благодарност затоа што летово не го напушти клубот и покрај големиот интерес кој владееше за неговите услуги.

Најнови вести