18.9.2017 Проблем за Барселона - Дембеле ја повреди тетивата
Засилувањето на Барселона Осман Дембеле ја повреди тетивата на првенствениот натпревар против Хетафе, соопшти каталонскиот клуб.
Дембеле излезе од игра во 29-тата минута на натпреварот против Хетафе во кој Барселона победи со 2-1.
„Осман Дембеле ја повреди тетивата на левата нога, а после додатните испитувања ќе биде познато колку е сериозна повредата“, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанските медиуми пренесоа дека најскапиот фудбалер во историјата на Барса би можело да отсуствува од терените три седмици.
Дембеле кон крајот на август за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд прејде во Барселона, а целиот трансфер би можело да достигне цена и до 150 милиони евра.
Тој беше доведен како замена за Нејмар кој за светски рекорд од 222 милиони евра прејде во ПСЖ.