Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2017

Нејмар почна да се расправа со неговите соиграчи

Не му оди сè одлично на Нејмар во неговиот нов клуб ПСЖ.

Бразилскиот фудбалер ова лето направи трансфер за рекордна сума пари на фудбалскиот пазар од Барселона во ПСЖ, платен е 222 милиони евра, но не е сè толку одлично за него во овој момент.
Се случи и првата расправија со соиграчите. На вчерашниот натпревар против Лион дури два пати се расправаше со соиграчите, а секако дека најголем проблем беше изведувањето на пеналите.
Тогаш се скара со Единсон Кавани, кој на крајот не го погоди пеналот, а веројатно Нејмар се израдува на тоа. Претходно, Нејмар се скара и со Даниел Алвес околу изведувањето на слободниот удар.
По оваа расправија, Нејмар денес го отследи Кавани на „Инстаграм“.
ПСЖ во дуелот со Лион победи со резултат 2-0.

Најнови вести