Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2017

Клоп: Лига купот e голема шанса

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека не чувствува никаков притисок пред дуелот од Лига купот со екипата на Лестер.

„Црвените“ во Лига купот го освоија нивниот, засега последен трофеј во 2012 година, а денес ги очекува дуелот со минатогодишниот шампион на Англија.
„Не чувствувам никаков притисок. Чувствувам можност да направиме нешто добро. Гледам шанса да освоиме едно интересно натпреварување. Најголемиот притисок што можам да го почувствувам е оној кој ќе си го наметнам самиот себеси. На таквиот притисок веќе сум навикнал“, изјави Клоп, а потоа даде коментар за одличните игри на клубовите од Манчестер на почетокот на сезоната.
„Ги гледам натпреварите на Јунајтед и на Сити бидејќи се интересни за гледање, но не е моја работа да бројам бодови и да кажувам колкава предност имаат. Тие се во одлична форма во овој момент, но таква е сезоната. Сè додека сте фокусирани, сè додека сте подготвени, нема потреба да следите што работат другите тимови“, изјави Клоп.

Најнови вести