Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2017

Нов проблем за „милионерите“

Ерик Дурм, дефанзивниот играч на Борусија од Дортмунд, ќе мора да паузира од теренот неколку месеци поради повреда.

Нему му беше извршена операција на колкот и засега не се знае колку долго ќе паузира, но сигурно ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
Листата на повредени играчи во Дортмунд е голема. Марк Бартра, Рафаел Гереиро, Марко Ројс, Себастијан Роде, Марсел Шмелцер и Андре Ширле се моментно повредени фудбалери во тој клуб.

Најнови вести