Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2017

Волфсбург го отпушти тренерот, но и Фреди Љунгберг

Германскиот прволигаш Волфсбург го отпушти тренерот Андриес Јонкер по поразот од Штутгарт од 1-0, а вкупно по четири првенствени натпревари на коишто холандскиот стручњак ја водеше екипата во новата сезона.

„Волците“ на стартот на шампионатот забележаа два пораза, реми и победа против Ајнтрахт во Франкфурт, што не беше доволно Јонкер да остане на местото шеф на стручниот штаб.
Педесет и четиригодишниот Холанѓанец од 2012 година беше асистент во Волфсбург, а самостојно почна да ја води екипата во февруари 2017 година, кога го замени Валериен Исмаел.
Отказ добија и асистентите на Јонкер, меѓу кои најзвучно име е некогашниот одличен шведски играч за врска Фреди Љунгберг, кој зенитот на кариерата го достигна во Арсенал (1998-2007).
Според пишувањата на германските медиуми, нов тренер на Волфсбург ќе биде Мартин Шмит, некогашниот шеф на стручниот штаб на Мајнц.

 

Најнови вести