Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2017

„Лисиците“ го елиминираа Ливерпул од Лига купот

Ливерпул го заврши натпреварувањето во третото коло од Лига купот откако Лестер на стадионот „Кинг пауер“ беше подобар од „црвените“ со резултат 2-0 (0-0).

Јирген Клоп изведе комбиниран состав. „Лисиците“ поведоа во 65-тата минута со погодокот на Оказаки, а Слимани со фантастичниот гол во 78-мата минута го постави конечниот резултат.
Во останатите натпревари, Кристал палас го победи Хадерсфилд со 1-0 со голот на Бакари Сако. Стоук испадна од Бристол сити со 2-0, додека Вест хем го победи Болтон со 3-0.
Фудбалерите на Тотенхем и на Свонси остварија сигурни победи. „Петлите“ на нивен терен беа подобри од Барнсли со 1-0, а одлучувачкиот гол го постигна Деле Али во 65-тата минута.
Свонси на стадионот „Мадејски“ го совлада Ридинг со 2-0, а двата гола се постигнати во второто полувреме.
„Лебедите“ поведоа во 52-рата минута со погодокот на Алфи Мосон, а конечниот резултат го постави Џордан Ају на седум минути пред крајот на натпреварот.

Најнови вести