20.9.2017 Де Шилјо надвор од теренот еден месец
Матија де Шилјо, фудбалерот на Јувентус, ќе мора да отсуствува од теренот најмалку еден месец, соопшти италијанскиот клуб.
Тој се повреди во натпреварот против Барселона, кој Јувентус го изгуби со 3-0, а многумина се загрижија дали го скршил глуждот.
За среќа, само го изместил, така што нема да мора да оди на операција, што би значело дека ќе мора да паузира најмалку шест месеци.
Се очекува Де Шилјо на теренот да се врати кон крајот на октомври.