Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2017

Баерн го враќа пензионираниот голман

Повредата на голманот Мануел Нојер му зададе многу проблеми на Баерн Минхен.

На голманот мораше да му биде извршена операција, поради што од теренот ќе отсуствува неколку месеци. Баерн не може да се пофали со замените со коишто располага. Второ решение е Свен Улрајх, а трето е 17-годишниот Фрухтл.
Поради тоа, челниците на клубот од Минхен одлучиле да го повикаат Том Штарке, голманот кој се пензионира минатата сезона.
Тој веќе тренираше со екипата пред натпреварот со Волфсбург, така што не би требало да биде чудно ако се најде меѓу стативите.

Најнови вести