Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2017

Обамејанг: Разочаран сум што останав во Дортмунд

Пјер-Емерик Обамејанг, напаѓачот на Дортмунд, изјави дека во текот на летото имал разговори со ПСЖ, со Милан и со еден кинески клуб.

„На почетокот на јули разговарав со Насер Ал-Келаифи, но тие потоа одлучиле дека не ме сакаат. Што се однесува до Милан, тој ми изгледа како интересен проект, но имаше неколку причини поради кои не се оствари трансферот, а Кина ми се чинеше како не толку професионална“, изјави Обамејанг за „Радио Монте Карло“.
Судејќи според зборовите на одличниот напаѓач, не е најсреќен што и оваа сезона остана во Бундеслигата.
„Имав договор со Дортмунд да си одам, но не дојде до тоа и разочаран сум. Затоа ја разбирам одлуката на Дембеле да оди во Барселона, таа беше неговиот сон“, додаде Габонецот.
Дортмунд од стартот на сезоната игра одлично, по пет одиграни кола, се наоѓа на првата позиција во Бундеслигата со 13 бодови, а Обамејанг придонесе за тоа со пет голови.

Најнови вести