26.9.2017 Добри вести за Анчелоти: Се враќаат Алаба и Алкантара
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен во изминатиот период се мачеше со повредени играчи.
Сега има убави вести, Карло Анчелоти за натпреварот против ПСЖ, кој се игра утре, ќе може да смета на Давид Алаба и на Тијаго Алкантара.
Нивното отсуство се почувствува на претходниот натпревар, кој заврши со нерешен резултат, во последното коло против Волфсбург. Баерн водеше со 2-0, но на крајот беше нерешено 2-2.
Во тимот од Баварија и понатаму нема да биде голманот Мануел Нојер, кому му е извршена операција на стапалото, поради која долго време ќе биде надвор од теренот.