Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2017

Монтела пред отказ во Милан, Мацари чека

Поразот во Џенова од Сампдорија го активира алармот во Милано пред исклучително важните натпревари против директните конкуренти за местата коишто водат во Лигата на шампионите, Рома и Интер.

Наводно, Винченцо Монтела мора да оствари добри резултати во тие две средби ако сака да остане на клупата на „росонерите“.
Како што пишува „Ла Газета дело спорт“, управата, а во прв ред Марко Фазоне, беа бесни поради изданието на Милан во Џенова, па Монтела чесно беше искаран. Покрај поразот, повеќе му се забележува за лутањето околу формацијата и составувањето на тимот, а управата му наложила под итно да им ги најде вистинските места на Бонучи, Чалханоглу, Сусо и Андре Силва.
Нема многу време. Во четврток на „Сан Сиро“ доаѓа Риека во второто коло на групата Д од Лигата на Европа, но тоа ќе биде само загревање за главното што следува, а тоа се натпреварите против Рома и против Интер, двата во Милано. Во прашање се директни конкуренти за местата коишто водат во Лигата на шампионите наредната сезона, што е примарна цел, и ако не се остварат задоволувачки резултати, а тоа неофицијално би била барем една победа, на Монтела му се ближи крајот на „Сан Сиро“.
Но дури и да ја оствари зацртаната цел, големо прашање е дали Монтела ќе опстане по завршувањето на сезоната на сегашната функција. По бројните засилувања во овој преоден рок, желба на новите сопственици е да имаат тренер со реноме, а наводно топ желби се Карло Анчелоти и Антонио Конте. Двајцата засега изгледаат како реална цел, бидејќи прашање е дали ќе го дочекаат крајот на сезоната во нивните клубови, а посебно во случајот на Анчелоти, кому разделба со „баварците“ во јуни речиси му е неминовна, бидејќи за наследник веќе се подготвува Јулијан Нагелсман. Како што пренесува тиражниот милански весник, доколку Монтела уште сега биде сменет, како преодни решенија се споменуваат Валтер Мацари и Пауло Соуза.

Најнови вести