Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2017

Кавани: Сите сме различни, но изгледаме како семејство

Единсон Кавани, напаѓачот на ПСЖ, по победата над Баерн во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, изјави дека во тимот владее семејна атмосфера.

Неодамна меѓу Уругваецот и Нејмар имаше вербален судир бидејќи Кавани, летошното засилување од Барселона, во средбата против Лион не му дозволи да го изведе пеналот.
„Сите сме различни и можеме да имаме различни погледи на исти работи. Но кога сме на теренот, сите заедно работиме и како семејство одиме кон целта“, изјави Кавани по триумфот од 3-0.
Килијан Мбапе, неговиот партнер од нападот, повторно го демонстрираше одличниот талент.
„Ова е само почеток на една голема приказна. Со срце одигравме голем натпревар против голем тим. Против Баерн морате брзо да се прилагодите. ПСЖ покажа дека може да го контролира натпреварот, но и да биде ефикасен против топ клубовите“, изјави Мбапе.

Најнови вести