Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2017

Конте: Азар – Мората, одлична врска

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, на негов својствен начин ја прослави победата на неговиот тим на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Шампионот на Англија по заостанувањето на полувремето, во продолжението на натпреварот направи пресврт на резултатот и во второто коло на групата Ц од Лигата на шампионите ги освои сите три бода против Атлетико Мадрид.
„Игравме многу добро. Задоволен сум од она што го покажаа играчите“, изјави Конте.
„Кога против Атлетико губите со 1-0, многу е тешко да се вратите, но ние успеавме во тоа и ја заслуживме победата“, додаде тренерот на Челзи.
Италијанецот изјави дека е среќен поради добрите игри на Еден Азар, кој асистираше кај првиот гол на Алваро Мората.
„Еден се врати во висок стил откако закрепна од повредата. Одлично се поврза со Мората, а среќен сум и со игрите на Миши Батшуаји и Вилијан“, изјави Конте.
„Сините“ по две кола имаат максимален учинок.

Најнови вести