Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2017

Јувентус без Пјаниќ околу еден месец

Јувентус, актуелниот шесткратен шампион на Италија, ќе биде лишен од услугите на еден од најдобрите играчи Миралем Пјаниќ околу еден месец поради повреда на препоните.

Пјаниќ со повредата се здоби на загревањето за натпреварот од второто коло на групата Д од Лигата на шампионите против Олимпијакос. Веднаш било востановено дека се работи за кинење на мускулот, а најлошата претпоставка ја потврдил лекарот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Реуф Карабег.
„Разговаравме со лекарот на Јувентус и Пјанич има исеченица од два сантиметри, што значи дека ќе паузира околу три до четири седмици“, изјави Карабег.
Тоа автоматски значи дека Пјаниќ ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата против Естонија и против Белгија. Тој одлично ја почна сезоната, покрај Дибала, беше најдобар играч на Јувентус, а нема сомнение дека ќе ѝ недостасува и на „старата дама“.

Најнови вести