Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2017

Арсенал рутински на гостувањето во Белорусија

Фудбалерите на Арсенал победија на гостувањето во Белорусија против тимот на БАТЕ Борисов со 4-2.

Во групата Х, Црвена ѕвезда оствари победа во Келн со 1-0, а и во другиот натпревар од оваа група славеше гостинот. 
Арсенал од Лондон го победи БАТЕ Борисов во гости со 4-2, а уште по првите 25 минути од средбата беше 0-3. Стрелец на двата гола е Тео Волкот во деветтата и во 22-рата минута, а во 25-тата во стрелците се запиша и Роб Холдинг. Црногорскиот играч за врска Мирко Иваничевиќ во 28-мата минута намали на 1-3, додека во 49-тата минута за тимот на менаџерот Венгер зголеми Оливие Жиру од пенал. Конечните 2-4 ги постави Микаил Гордечјук во 67-мата минута.
На табелата на групата Х води Арсенал со шест освоени бода, Црвена ѕвезда има два помалку, а потоа следуваат БАТЕ Борисов со еден бод и Келн без бодови.
Во групата Л, Зенит го победи Реал Сосиедад со 3-1 а во групата Г, Стеауа направи пресврт на натпреварот против Лугано. Во групата Л, Лацио и Варегем одиграа 2-0, а во рамките на групата Ј, Атлетик Билбао на негов терен изгуби од украинската Зорја со 1-0.
Група А: Астана – Славија 1-1 (1-1)
Група Г:  Лугано – Стеауа 1-2 (1-0), П’лзењ – Хапоел Бер Шева 3-1 (1-0)
Група Х: Келн – Црвена ѕвезда 0-1 (0-1), БАТЕ Борисов – Арсенал 2-4 (1-3)
Група И: Коњаспор – Гимараис 2-1 (1-0), Салцбург – Марсеј 1-0 (0-0)
Група Ј: Атлетик Билбао – Зорја 0-1 (0-1), Естерсунд – Херта 1-0 (1-0)
Група К: Лацио - Цулте-Варегем 2-0 (1-0), Ница – Витесе 3-0 (2-0)
Група Л: Розенборг – ВАрдар 3-1 (1-0), Зенит – Реал Сосиедад 3-1 (2-1)

Најнови вести