Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2017

Анчелоти: Следува пауза од десет месеци

Карло Анчелоти изјави дека нема да преземе ниту еден клуб до крајот на сезоната 2017/18.

Италијанскиот стручњак неодамна доби отказ во Баерн Минхен, со кого имаше лош старт во оваа натпреварувачка година.
„Ќе се одморам во наредните десет месеци, така што нема да има други тимови“, изјави Анчелоти.
Клубот од Минхен не стартуваше најдобро, а сè кулминираше по убедливиот пораз од ПСЖ во натпреварот од Лигата на шампионите.
Баерн во првите седум натпревари во Бундеслигата забележа четири победи, две ремија и еден пораз. Освои вкупно 14 бодови и има пет помалку од Борусија Дортмунд.
Во Лигата на шампионите по двете одиграни кола има победа и пораз.

Најнови вести