Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2017

Австријците без половина тим во квалификациите

Фудбалската репрезентација на Австрија ќе биде десеткувана против Србија, а ѝ се закануваат нови и многу позначајни отсуства.

Австрија и Србија ќе играат во петок, во квалификациите за Светското првенство, а веќе се знае дека селекторот Марсел Колер нема да може да смета на шестмина стандардни првотимци – Давид Алаба, Мартин Харник, Мартин Хинтерегер, Себастијан Предл и Себастијан Шеф.
Според пишувањата на локалните медиуми, се појавил можеби и најголемиот проблем – под знак прашалник е и Марко Арнаутовиќ.
Напаѓачот на Вест хем не играше викендот поради болест и сè уште е неизвесен за дуелот на стадионот „Ернст Хапел“, кој се игра од 20.45 часот.
Конечната одлука ќе биде донесена утре, додека Арнаутовиќ првиот тренинг со соиграчите би требало да го одработи денес, доколку биде доволно подготвен.
На Србите им е потребен триумф за да може на едно коло пред крајот математички да обезбедат пласман на Мундијалот во Русија 2018 година, а ако не успеат во тоа, четири дена подоцна ќе имаат поправен испит против Грузија во Белград.

Најнови вести