Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2017

Барса се враќа по Кутињо во јануари

Фудбалскиот клуб Барселона во јануари ќе се обиде повторно да го убеди Филипе Кутињо да потпише за каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона летоска не успеа да го доведе Бразилецот, но тоа не ја обесхрабри и во змискиот преоден рок повторно да тргне по играчот на Ливерпул.
Каталонскиот клуб во август нудеше повеќе од сто милиони евра за играчот за врска на „црвените“, но Јирген Клоп беше доследен и не сакаше да се согласи да го продаде.
Клоп потоа изјави дека ако Ливерпул не ги продавал најдобрите играчи, сега би бил во самиот врв и додека е тој менаџер, таквата грешка нема да се повтори.
Тоа се очекува и во јануари, но Барселона е оптимист дека двете страни може да се договорат.

Најнови вести